Во овој „акциски план“ всушност се содржани одлуките на лидерите на ЕУ од самитот одржан на 26 март.
Разговорите во Анкара ќе бидат „ политички момент“, но нема да бидат преговори, изјавија дипломатски извори во Брисел.
Лидерите на ЕУ, кои треба да разговараат за Турција во јуни, на неодамнешниот самит го одобрија „постепениот и условен пристап кон зајакнување на соработката во голем број области од заеднички интерес“.
ЕУ е подготвена да почне модернизација на царинската унија, да го продолжи дијалогот на високо ниво и да преговара за олеснување на визниот режим за турските граѓани.
Доколку нема напредок, во извештајот на европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел се наведуваат неколку опции, меѓу кои се и санкции за туристичкиот сектор во Турција.
Турција ги критикуваше заклучоците од самитот на ЕУ, истовремено ветувајќи дека ќе одговори со „позитивни чекори“ на евентуалниот гест на Унијата.