Притоа како што објасни портпаролот на Европската комисија  за миграција, внатрешни работи и државјанство, земјите членки  сами ќе одлучат дали  ќе бараат пи си ар тест за патниците, тестирање  по пристигнувањето  или карантит.  Советот на ЕУ листата на безбедни трети земји ја ажурира на секои две недели а денеска на неа  покрај  Македонија, се запишаа уште  неколку држави.

– Советот донесе одлука ова утро да ја зголеми листата од каде не-критично патување е дозволено за невакцинирани патници. Додадени се: Албанија, Либан, Северна Македонија, Србија, Тајван и САД. Секако, ова е добродојдена вест, епидемиолошката слика во се повеќе земји му дозволува на Советот да ја донесе оваа одлука изјави портпаролот на ЕК.

За да се добие статус на безбедна држава во земјата мора да се забележи најмногу 75 позитивни случаи заразени со Ковид19 на 100 000 жители во последните 14 дена. Инаку Советот на ЕУ во мај  формално ги укина рестрикциите за несуштински патувања за граѓани  од трети земји  целосно вакцинирани против ковид  19 со вакцина одобрена од ЕУ или  СЗО , вклучително и граѓаните на Западен Балкан.  За сега тоа се вакцините на Фајзер, Бајнотек, Модерна, Астра Зенека , Синофарм и Џонсон и Џонсон.