Протешевич е уапсен во Минск, откако авионот со кој од Грција одел за Литванија принудно бил спуштен во белоруската престолнина. Освен него, белоруските власти ја уапсиле и неговата девојка и уште четири лица.

Порталот “eeas.europa.eu” пишува дека, по барање на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеф Борељ, генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Стефано Санино го повикал белорускиот амбасадор во ЕУ, Александар Михнјевич, за да го осуди недозволивиот чекор на белорускиот режим.

Михнјевич е известен за цврстата осуда од страна на европските институции и државите членки на ЕУ, поради чинот со кој белоруските власти ја загрозиле безбедноста на патниците и екипажот на принудно спуштениот лет на “Ryanair”, наведува “eeas.europa.eu”.

Европските лидер ќе дискутираат за новонастанатата ситуација на денешниот состанок, како што најавила претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Одговорните за киднапирањето на авионот мора да бидат казнети, истакнала таа.