Европската унија чека да го види ефектот од веќе наметнатите санкции врз Русија пред да донесе нови, но паралелно веќе работи на нови чекори кои би можеле да вклучуваат и руски крипто имот, изјавија денеска официјални претставници од Брисел.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјави дека блокот ќе преземе дополнителни чекори против Москва, ако ситуацијата во Украина се влошува по минатонеделната инвазија од Русија.
– Наша цел е намалување на капцитетот на Кремљ да води војна со своите соседи, изјави фон дер Лајен, по состанокот со романскиот претседател Клаус Јоханис.
ЕУ минатата недела усвои низа финансиски, енергетски, извозни санкции и забрани за патувања. Тоа вклучува и замрзнување на имот на руски банки, затворање на воздушниот простор на ЕУ за Русија, исклучување на голем број руски банки од SWIFT системот и санкции кон руски тајкуни.
– Имаме уште многу идеи како како дополнителни чекори, кога се во прашање санкциите, дали се работи за трговија, енергија, извоз или поморскиот транспорт, изјави анонимен претставник на ЕУ, нагласувајќи дека „додека разговараме, веќе се работи на тоа. Но, мислам дека сега треба да се види ефектот од она што досега е направено“.
Според друг претставник од ЕУ, додека европскиот блоик „чека“ веќе наметнатите санкции да го покажат ефектот, во тек се анализа на тоа како да се таргетираат рускиот имот во криптовалути и дека се работи на осигурување дека „Русите не може да ја користат Белорусија како дупка за криење“ и заобиколување на санкциите.
Двајцата претставници во ЕУ, посочуваат дека Русија била изненадена од интензитетот на санкциите од ЕУ и дека контрамерките дошле со временска разлика, иако Русија реципрочно го затвори воздушниот простор за земјите кои ги забранија руските авиопревозници.
ЕУ сепак не го ограничи увозот на енергија од Рурсија, која задоволува повеќе од една третина од увозот на гас и над една четвртина од потребите на нафта, но бара алтернативи во случај на руска одмазда и прави напор за диверзификација на своите извори на енергија.
– Мора да станеме независни од рускиот гас, нафта и јаглен, изјави Фон дер Лајен.