Дваесет и четири мобилни оператори од ЕУ и три украински телекомуникациски компании потпишаа договор за обезбедување бесплатен роаминг за време на меѓународни разговори меѓу ЕУ и Украина, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија.

Целта на потпишаните документи е да им се помогне на „раселените Украинци во Европа да останат во контакт со семејството и пријателите дома“.

Во соопштението на Европската комисија се наведува дека телекомуникациските оператори им поделиле милиони бесплатни СИМ-картички на бегалците од Украина. Повиците за нив низ земјите од ЕУ ќе бидат бесплатни.