Огромна благодарност до ЗНМ и нивниот претседател Младен Чадиковски, огромна благодарност до АВМУ и нивниот директор Зоран Трајчевски, огромна благодарност за сите колеги новинари за солидарноста, посебна благодарност до Бранко Героски кој своевремено ме иницираше во новинарската професија, напиша Љупчо Златев, главен и одговорен уредник на Радио Лидер.
Во продолжение неговиот став
Денеска со колегата Предраг Кукиќ бевме спречени да присуствуваме на настан на владата, ништо страшно и ништо трагично за општества кои се тоталитарни. За демократски општества, сериозен демократски дефект!
Се надевам дека премиерот Ковачевски и владата ќе соберат достоинство да ни се извинат, доколку тој не е нарачател на нашата цензура, на премиерот му бидам кога сака во текот на неделава или на наредната недела да гостува во “Еспресо со Златев и Боцевски”, со тоа ќе покаже дека не е нарачател на цензурата. Во интервјуто ќе бидеме културни и пристојни, но за разлика од другите интервјуа на кои има навика да гостува, нема да имаме ниту нарачани, ниту најавени прашања.