Полицијата летоска го избриша членот од законот за јавен ред и мир кој налага сопственото куче да е движи исклучиво во придружба и на поводник. Така што сега буквално секој може без да биде казнет да си го пушти кучето само да се прошета на улица и да направи безброј проблеми, без да одговара за тоа.

Директорката на ЈП Лајка за ТВ 24 вели дека не се знае точен број на бездомните кучиња на територија на Град Скопје. Таа вели дека имало некакво пребројување од страна на Факултетот за ветеринарна медицина, но која е бројката, како и за тоа каде е објавен тој податок таа не знае. Бездомната популација на кучињата доаѓа од домакинствата со миленици, кои се оставени неконтролирано да се размножуваат. Состојбата е поалармантна во руралните средини. Решението на ситуацијата се гледа во мерките кои треба да се преземат

ЈП Лајка

– продажбата и размножувањето на кучињата строго да се контролираат

– строги и високи казни за напуштање на кучиња и легла (моментално, сопственикот кој напушта куче само се опоменува, а при втор пристап се казнува 15 евра

– формирање на засебно тело за контрола на животни т.н. Полиција за животни

– секоја македонска општина да воведе програма за хуман третман на бездомните животни

Овој проблем во вискоразвиените земји е решен, вели активистката Бошковска. Залови-стерилизирај-врати, како програма мора да има пропратни мерки: контрола на неодговорните сопственици, секое куче да е микрочипирано, вакцинирано, сооодветно регистрирано, сопствениците да се контролираат. Потребно е итно преземање мерки.

Активистите велат дека од една репродуктивно способна единка на улица за две години настануваат до 200кучиња. Нагласуваат дека убивањето не е решение, така се праќа лоша општетсвена порака и се ослободува простор за прилив на нови нестерилизирани кучиња, а законите не се почитуваат од страна на луѓето. ЈП Лајка од градскиот совет доби 25 милиони денари за програмата на работа и 15 милиони денари како субвенција.

Овие средства ја покриваат само основната дејност на Лајка без можност за инвестирање во опрема и одржување на претпријатието со цел да се подобрат условите и ефикасноста. Општини кои не плаќаат се Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Сарај, Шуто Оризари и Кисела Вода, велат од претпријатието.