Во март забележан е пораст за нови 5 пензионери споредено со февруари и сега 1.327 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии. Распонот на нивните месечни пензии е од 43.000 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото.

Најголем дел или 897 се со пензија од 41.739 денари., додека 275 пензионери со пензија над 52.455 денари до 54.335 денари.

Притоа, 12 пензионери го земале највисокиот износ од 57.304 денари.