Во истражувањето „А1он“ потсетува дека тој некаде кон крајот на септември минатата година поднесе оставка од функцијата генерален секретар, по што мораше да достави и анкетен лист за тоа со колкав имот ја напушта функцијата.
Откако беше назначен на новата функција, Рашковски согласно законот поднесе нов анкетен лист за имотната состојба, а ако се споредат двата, се доаѓа до заклучок дека неговиот и имотот на неговите деца, за кој пишува дека е „стекнат со договор за подарок“ е зголемен за над 50 илјади евра, а дополнително на тоа, тој во меѓувреме вратил и заем од речиси 20 илјади евра и видно го намалил земениот кредит.
Во период додека Рашковски е Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата, тој го препишал земјоделското земјиште во Струмица од над 2 илјади квадратни метри вредно 9,7 илјади евра на име на неговите деца. Стан вреден над 65 илјади е пријавен и додека тој бил генерален секретар и на новата функција, иако не се знае дали станува збор за истиот.
Во 2020 година, имотот на неговите деца се зголемува за уште 24 илјади евра, со оглед на тоа што тие преку договор за подарок добиваат земјоделско земјиште во Поболје од 2.700 квадратни метри. Новина во анкетниот лист на Рашковски
е и автомобил „БМВ“ кое се води на негово име, а чини 11 илјади евра. Освен ова тој има и мотор „Хонда“ од 12 илјади евра и мотор „БМВ“ од 4.800 евра.
Зголемени се и денарските депозити на неговите деца – изнесувале 30.000 евра, а сега, се зголемени за уште 4 илјади евра.
Поранешниот секретар на Владата пред да замине од функцијата имал кредит од 68 илјади евра, а сега, тој е намален на 47 илјади евра. Очигледно, Рашковски го вратил и заемот од речиси 20 илјади евра, со оглед на тоа што тој не е впишан во неговиот нов анкетен лист.
Целиот текст на „А1он“.