Европската централна банка (ЕЦБ) објави дека најновото зголемување на вредноста на криптовалутата Биткоин е вештачки предизвикано, а тоа е во пресрет на почетокот, како што наведоа, на нејзината ирелевантност, т.е. дека е на пат да стане ирелевантен.

Високите банкари на ЕЦБ, Улрих Биндсеил и Јирген Шаф, го критикуваа Биткоин за, како што веруваат, центар за нелегални трансакции, за кои велат дека претставуваат ризик за репутацијата за секоја банка што сака да се вклучи во овој сектор. Вредноста на биткоинот не толку одамна изнесуваше 70.000 долари, што беше неговата најголема вредност, а потоа се намали на 16.000 долари. Вредноста се стабилизира на 20.000 долари.

Сепак, банкарите на ЕЦБ се на мислење дека се работи за лажна стабилизација, т.е. дека тоа е последица на пазарна манипулација, а не на реална побарувачка. Тие забележаа дека големите инвеститори во Биткоин имаат најголем мотив да ја задржат еуфоријата околу него и дека шпекулациите предизвикаа ненадеен пад на неговата вредност.

„Со оглед на тоа што се чини дека не е погоден ниту како платен систем ниту како средство за инвестирање, не треба да се третира во контекст на регулатива и не треба да се легитимира“, заклучуваат банкарите на ЕЦБ.

По неодамнешниот голем колапс на берзата за криптовалути FTX, властите ширум светот повторно размислуваат како да ги регулираат криптовалутите. Заменик-гувернерот на британската централна банка, Џон Канлиф, на 28 ноември изјави дека благата регулатива е доволна за да се спречат шокови на пазарот на криптовалути и да се спречи нивното дестабилизирачко влијание, пренесува весникот Гардијан.