Буџетот на Креативна Европа ќе биде зголемен за сто милиони евра во споредба со претходната година, најави Европската Комисија.

Со 385 милиони евра буџетот на културната програма на Европската Комисија, Креативна Европа, има за цел да ја зајакне поддршката за културниот сектор и да му помогне да се справи со последиците од кризата со Ковид-19.

-Културниот и креативниот сектор се душата на европското општество. Знаеме колку беа отпорни во последните две години. Во 2022 Креативна Европа ќе го има најголемиот буџет до сега, изјави Марија Габриел, еврокомесарката за култура.

Овој буџет значи и повеќе можности за финансирање на проекти во Европската Унија.

-Со програмата Креативна Европа ќе мобилизираме 226 милиони евра за аудиовизуелниот сектор и 35 милиони евра за меѓусекторска соработка вклучително и новинските медиуми, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Европската Унија сака да инвестира во дигитални технологии, ТВ серии и виртуелна реалност додаде тој.

Зголемениот буџет има за цел и да ја заштита слободата на медиумите и да се финансираат новинарски партнерства