Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат.
Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека банкротите се зголемени за 5,7%.
Намалување на новорегистрирани бизиниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор (-3,6%), во угостителски услуги (-3,4%) и образованието и социјалните услуги (-3,2%).
Бројот на новоотоворени фирми бележи раст во информатичкиот и комуникацискиот сектор (+8,8%), како и во градежниот сектор (+1,0%).
Од друга страна, евидентирано е зголемување на банкротираните компании во 5 од 8 сектори. Најголем раст има во образованието и социјалните дејности (+21,1%), транспортот (+11,4%) и финансиските услуги (+6,8%). Намалување на банкротите е забележано во сместувањето и угостителските услуги (-2,6%), градежништвото (-1,7%) и трговијата (-1,2%).
