Новата сезона ќе стартува во Бахреин на 20 март 2022 година, по што следуваат трките за Големата награда (ГН) на Саудиска Арабија (27 март) и ГН на Австралија (10 април), која се враќа во календарот за прв пат по 2019 година.
Нова трка во календарот е ГН на Мајами (8 мај), а по двегодишна пауза во календарот се враќаат и трките во Јапонија, Канада и Сингапур.
Следната сезона нема да се возат трките за ГН на Штаерска, Португалија, Катар и Турција.