Вакцината на американската фармацевтска компанија Фајзер против сојот омикрон ќе биде готова во март, а компанијата веќе почнала да произведува дози, откри за CNBC извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.
Тој рече дека новата верзија на вакцината ќе ги таргетира другите видови на вирусот што циркулираат низ светот.
Сепак, тој нагласи дека се уште не е јасно дали вакцината против омикрон ќе биде потребна и како ќе се користи, но Фајзер сигурно ќе има готови залихи, бидејќи, според него, има влади кои сакаат да купат дози што е можно побрзо.
Претходно, извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел изјави дека компанијата подготвува вакцина против омикрон.