Според новите податоци на министерството, ефикасноста на вакцината на Фајзер/Бионтек значително се намали во последните неколку недели бидејќи се прошири поагресивната делта варијанта на коронавирус, при што ефикасноста на вакцинацијата за спречување на инфекција падна на 64 проценти од 95,3 колку што изнесуваше кога беше доминантен Алфа сојот, пренесува Си-Ен-Ен.

Ова е случај и со превенција на симптоматски болести, но вакцината сепак многу ефикасно штити од сериозниот тек на болеста и хоспитализацијата, според Министерството, 93 проценти.

Во февруари, израелското Министерство за здравство објави дека вакцината на „Фајзер“ спречува ковид 19 со ефикасност од 95,8 проценти, симптоматска болест во 98 проценти од случаите, додека ефикасноста во однос на спречување хоспитализации и смртни случаи е 99 проценти.

Поради високата стапка на вакцинација, Израел има добри податоци и иако е регистриран зголемен број на регистрирани нови инфекции веќе две недели, поради многу заразниот делта сој, не се евидентирани смртни случаи поврзани со вирусот во истиот период.

Прелиминарните откритија од друга шкотска студија, објавена во списанието „Лансет“ минатиот месец, покажаа дека вакцината на Фајзер обезбедува 79 процентна заштита од инфекција со делта сојот, во споредба со 92 проценти за оние предизвикани од алфа сојот.