Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар денеска околу 12.45 часот на бул.„11-ти Октомври“, на автобуската постојка на Зелен пазар, го лишиле од слобода С.И.(55) од Скопје при обид да одземе паричник од лице кое влегувало во автобус.

Како што информираа од МВР, тој бил задржан во полициската станица Центар, известен е Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.