ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.У. од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство’’.

Во септември 2023 година, на жена од Радовиш пријавениот ѝ дал 1.500 денари на заем, а за возврат барал да му врати 2.500 денари. Додека, пак, како гаранција дека парите ќе бидат вратени ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон.

Откако го побарала да му ги врати парите, пријавениот и рекол дека ако сака да ѝ биде вратен телефонот потребно е да врати 6.000 денари наместо 2.500 денари, како што договориле.