Вакцината „AстраЗенека“ против Ковид-19 има добра ефикасност, но мора да се решат проблемите со безбедноста, рече врвниот американски експерт за заразни болести.

– Мислам дека вакцината „АстраЗенека“, од гледна точка на ефикасноста, е добра вакцина и, доколку се отстранат безбедносните проблеми во Европската унија, ефикасноста на оваа вакцина е навистина добра, изјави Фаучи за Би-Би-Си радио.

Меѓутоа, додаде тој, „ не е јасно дали некогаш ќе користиме „AстраЗенека“ или не, но во овој момент се чини дека нема да ни треба. Ова не е негативно обвинение против „AстраЗенека“, туку едноставно тоа е можно со оглед на набавките што ги имаме од другите компании„ додаде Фаучи.

Во време кога САД ги ублажуваат ограничувањата за Ковид-19, Фаучи рече дека постои „навистина ризична ситуација“ кога повторно се отворија барови и ресторани на некои места каде што не беше спроведена мерката за носење маски.

Фаучи смета дека не е време за предвремено прогласување победа со пандемијата.