Новиот фудбалер на Барселона, Феран Торес ги сподели своите емоции по доаѓањето во клубот на „Камп ноу“.

-Возбуден сум како момче. Познавам неколку играчи од репрезентацијата, одлично ме примија. Јас сум многу среќен. Вчерашната победа (над Мајорка) беше многу важна за нашите цели. Барса е најдобриот клуб во светот, секогаш се бори за сите трофеи. Тимот продолжува да расте. Имаме многу млад тим кој треба да научи за да постигне голем успех. Сонував да играм за Барса и овој сон се оствари. Сонот стана вистина.
Мојот досегашен клуб Манчестер сити е еден од најдобрите клубови, но јас сум амбициозен и сакав да дојдам во Барселона за да им помогнам да се вратат на своето вистинско место. Одлучувачки момент е симпатиите на тренерот, бидејќи тој е тука главен. Јас и Чави знаеме каква е ДНК на Барса. Работата со Гвардиола и Луис Енрике придонесе за мојот трансфер, изјави Торес.

Барселона по 19 кола во шпанската Ла Лига се наоѓа на петтото место со 31 освоен бод, 15 помалку од лидерот Реал Мадрид кој има и меч повеќе.