На денот кога се игра мечот меѓу Македонија и Шкотска, од Фудбалската федерација на Македонија стигна информација дека влезот на арената „Тодор Проески“ ќе биде бесплатен за дечињата кои се дел од младинските фудбалски лиги, но и за сите организирани навивачки групи.

„Бесплатен влез на натпреварите на Македонија имаат младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детската лига, фудбалските школи, како и сите младински категории во системот на ФФМ – пионери, помлади пионери, кадети и младинци.

За натпреварот Македонија – Шкотска, влезот за нив на западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ е бесплатен.

Свое место на трибините имаат и навивачките групи кои побараа организирано присуство на натпреварот.

Бесплатниот влез за најмладите фудбалери и нивните тренери е обезбеден за сите натпревари на Македонија во овој циклус“, стои во соопштението на ФФМ.