Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на свеченост во центарот Рокфелер во Њујорк официјално и претстави 16. градови, кои ќе бидат домаќини на Светското првенство во 2026 година.
Мундијалот 2026 прв пат во историјата ќе се одржи во три држави, а домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.
На завршниот турнир, исто така, прв пат во историјата ќе настапат 48 репрезентации, 16 повеќе од Мундијалот што на крајот од оваа година ќе се одржи во Катар.
СП 2026 ќе се игра во 11 американски градови (Атланта, Бостон, Далас, Канзас Сити, Лос Анџелес, Мајами, Хјустон, Њујорк/Њу Џерси, Филаделфија, Сан Франциско, Сиетл), два канадски (Торонто, Ванкувер) и три мексикански градови (Гвадалахара, Мексико Сити, Монтереј).
– Минавме долг пат во изборот на овие 16. градови. Ова е историски ден за овие градови, за трите национални федерации, но и за ФИФА, изјави првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино на свеченоста во Њујорк.