ДУИ со пратеник повеќе од СДСМ
СДСМ на овие парламентарни избори го оствари историски најслабиот изборен резултат. СДСМ освои 18 мандати, а ДУИ еден повеќе, 19. Со ова досегашната владејачка партија се пресели на третото место на ранг листата за број на пратеници.
Помал коалиционен партнер е СДСМ
Она што досега не се случило е податокот дека СДСМ има 18 пратеника или помалку од довчерашниот коалициски партнер ДУИ кој има 19 пратеници. Како што беше и претходно анализирано и укажувано, ДУИ, иако најверојатно оди во опозиција, сепак се уште е партија со најголем број гласови кај Албанците. Ова покажува дека тие успешно си ја тераа својата агенда и си билдаа рејтинг, но со забрзани чекори го трошеа рејтингот на СДСМ кој не се спротивстави,барем јавно на ниту еден потег на ДУИ.
ДУИ веќе нема да се недопирливи
Однесувањето на челниците на ДУИ како да се тие недопирливи и можат да прават што сакаат, покрај лошата кадровска политика, погрешните и неразмислени потези , секојдневно им носеа мегативни поени на СДСМ. На овие изборија загуби и ДУИ кој по долги години се сели во опозиција, но уште повеќе СДСМ, кој доколку не н аправи длабок и комплетен рез, од владеачка ќе стане маргинална партија. ДУИ веќе нема да се недопирливи, одат во опозиција со СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт, а веројатно истата ќе ја прават со ВЛЕН.
Двојна победа за ВМРО-ДПМНЕ
Изборите донесоа двојна победа за ВМРО-ДПМНЕ. Македонија добива жена претседател, обидот за бојкот на ДУИ не успеа и Гордана Силјановска Давкова ќе се всели на „Вила Водно“.
Идниот премиер на Македонија, Христијан Мицкоски се обрати и на плоштад „Македонија“.
– Ние друга татковина немаме. Вие бевте наша инспирација да издржиме целиот овој период. Одбравме да биде тешко, но да не биде срамно. Не смее да биде срамно. Затоа радувајте се, упати порака лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од центарот на Скопје каде се собраа огромен број граѓани да ја прослават двојната победа.
Македонија добива нов претседател
Се огласи и Гордана Силјановска Давкова.
„Се прашувам неколку часа, со што ја заслужив оваа чест, јас знам дека се подготвував, знам дека се посветив на кампањата, знам дека го зборував она што го мислев, а не она што некој очекува да го слушне, наградата е непроценлива за мене“, рече Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова рече дека оваа позиција значи за неа голема одговорност, а додаде дека ќе биде претседател на сите граѓани.
„Тврдам дека од овој момент, овде, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани“, истакна Гордана Сиљановска – Давкова.