Ова, додаде тој, значи дека процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е многу мал односно изнесува 0,02 проценти што е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината.
Според Филипче, денеска ќе биде надмината бројката од 500.000 вакцинирани со најмалку една доза, од кои над 330.000 се ревакцинирани.
– Очекуваме до крајот на август сите 500.000 да бидат ревакцинирани – рече Филипче.
Тој апелира до сите граѓани дека вакцината е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата.
Како што кажа, засега не се планирани нови рестриктивни мерки.
– Размислуваме дали да се направи нешто од септември или почетокот на октомври. Ги пратиме искуствата од другите земји, секаде има дебата дали треба да има некакви рестракции за невакцинираните – рече министерот.