Венко Филипче останува единствениот кандидат за лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на внатрепартиските избори. Тие  ќе се одржат на 16 март. Рокот за пријавување кандидатури истече без други пријавени кандидати. Тоа го остава Филипче да влезе во изборниот процес сам, при што само членството треба формално да ја потврди неговата кандидатура.

Оваа ситуација не се должи на недостатокот на политичко лидерство во партијата, туку на можни две сценарија. Според експертите, тоа може да значи дека политичката борба во партијата завршила со првите внатрепартиски избори. Или од друга стран  се чека исходот од локалните избори.

Во минатите избори за лидер на СДСМ во јуни минатата година, Филипче се натпреваруваше со неколку кандидати, но на крајот го освои лидерското место со над 9.000 гласа од членството.

Кандидатите за претседател на СДСМ ја започнаа кампањата меѓу членството – повици за јавна дебата, акцент на членството и ветувања за избори на општински претседатели

Иако Филипче е единствениот кандидат, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, изрази незадоволство со изборот на Филипче за лидер. Сепак, по истекот на рокот за кандидатури, не се приклучи во трката за лидер на партијата.

извор: Сител