Тој во гостувањето на „Утрински брифинг“ рече дека нема наплив на пациенти ниту во амбулантите. Испитувањата на здравствените власти засега не покажале дека во Македонија е присуден индискиот сој на коронавирусот.

-Ќе почекаме да видиме каков став ќе имаат членовите на Комисијата за заразни болести, но јас лично сметам дека ситуацијата е прилично мирна и нема знак дека може да има влошување. Не само по бројот на позитивни случаи туку и бројот на прегледи како и по приемите во болниците. На Инфективната клиника не се јавуваат пацинети за преглед што значи дека нема наплив, ја следиме ситуацијата и во регионот и земјите каде летуваат нашите граѓани. Сметам дека летово не требе да се вовдеуваат никакви рестрикции како за влез и излез од земјава или забрана за настани и собири, вели Филипче во Утрински Брифинг.