Според министерот Венко Филипче се се одвива по планот.
– Со ова овозможуваме континуитет на процесот на масовна имунизација.
Сега кога се веќе достапни и овие вакцини, ги вклучуваме во веќе постојниот систем, за да се дополни бројката на постарите граѓани кои се веќе пријавени.
Се се одвива според планот, ќе имаме континуитет и се поголемо вклучување на се поголеми групи на граѓани.
Солидарноста мн пати во оваа криза се покажа дека е мн важна, посебно сега во делот на вакцините. Достапноста на вакцините значајно ќе се зголемува во месеците кои се пред нас, кажа Филипче.