На веб страницата kovid19vakcinacija.mk можете да го најдете документот „COVID19 Согласност за вакцинација“, кој е задолжителен документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано.

Согласноста може да биде пополнета претходно, но истата се наоѓа и на пунктовите за вакцинација каде може директно да се пополни и да се приложи, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Ве охрабрувам, посочува министерот, сите кои имате можност да го преземете и пополните документот пред да дојдете на закажниот термин за вакцинација со цел да избегнеме метеж и чекање.

https://kovid19vakcinacija.mk/izjava-za-soglasnost/