Поранешниот пратеник Владимир Ѓорчев тврди дека од 2017 до 2024 година Македонија доживеала невидена демографска катаклизма додека на власт биле СДСМ и подизведувачите на Заев.

Ѓорчев го истакна ова во првата епизода од третата сезона на подкастот НАТКАСТ што го води Љупчо Цветановски на Курир.

„Покрај оние огромни, стратешки загуби кои што ги имавме во тој период – обезличување на Македонија, промена на име, идентитет, кои се огромни трауми за Македонија и македонскиот народ – одговорно тврдам дека паралелно со тоа е и демографската катастрофа која што се случи. Македонија од 2006-та до 2016-та беше единствена земја во поширокиот регион која имаше раст на родените. Во тие години ние бевме најдобри за демографија во Европа. Од 2017-та до 2024-та најлоши во Европа, со најголем пад во број на новородени деца,“

Тој објасни дека бројот на новородени деца во тој период се намалил од 23.000 на 16.000.

„Тоа е една страшна демографска трагедија, нема зборови,“

По комплетирањето на разговорот, дел од целата емисија може да се проследи во видеото на платформата на Курир.