-Моделот за скринингот е готов. Закаснивме една недела. Требаше да започне оваа недела, но подолго траеше анализата во училиштата. Со оглед дека сега е спремна методологијата, од утре ќе бараме согласност од родителите. Верувам дека до почетокот на следнеата недела тоа ќе се обезбеди и ќе се спроведе скринингот. Во однос на дополнителната мерка, ќе дискутираме во штабот во Владата, следната недела. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, рече Филипче.