„Филипче од јахтата на Заев откри нова криза – селската чешма во Кривогаштани“, реагира ВМРО-ДПМНЕ по предупредувањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека водата од селска чешма во Кривогаштани е загадена.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче темата ја отвора додека е на одмор во Грција и го обвинуваат дека преку случајот шири „хистерија“ и паника и се обидува да прави политички пресметки.

„Филипче додека од јахтата на Заев се шета по Грција, откри нова криза – селската чешма во Кривогаштани“, наведуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата го потсетува Филипче и на периодот кога беше министер за здравство, тврдејќи дека тогаш не реагирал на бројни извештаи поврзани со загадена вода.

„СДС и Филипче шират дезинформации и паника за квалитетот на водата, исто како што тоа го правеа со Скопје и Гостивар“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги споменуваат и пожарите на депониите „Вардариште“ и „Дрисла“, за кои велат дека годинава ги немало, што го поврзуваат со отсуството на локални избори.

„Македонија треба да продолжи напред, и покрај незрелоста на СДСМ и Венко Филипче“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.