Министерот за здравство Венко Филипче најави дека процесот на имунизација нема да биде прекинат, најавувајќи пристигнување на нови вакцини и продолжување на процесот со истата динамика.
За Спутник и Синовак сè уште немаме точни датуми, за Спутник имаше најави дека ќе биде околу крајот на мај, но досега не е пристигнати. Разговарав со рускиот амбасадор и тој вети дека ќе контактира со Институтот кога ќе пристигнат вакцините. Најавата за пристигнување на вакцините Синовак е за почетокот на јуни. Како што рекоа, првата недела или првите 10 дена, треба да почекаме – изјави Филипче.
Тој додаде дека количини на „Фајзер“ веќе пристигнаа во текот на вчерашниот ден според досегашната динамика, а во текот на неделата се очекуваат донациите на вакцини од Бугарија и Грција.
Имајќи предвид дека овие 70.000 најавени вакцини ќе бидат „АстраЗенека“, Филипче велат дека нема да останат неискористени, бидејќи се уште голем дел од популацијата над 60 години не е вакцинирана.
Имаме 42 проценти од вкупната популација над 65 години пријавени и вакцинирани но со кампањата, очекувам поголем број на пријавени. Препораките и ставовите не ги креираме според тоа кој како ќе се вакцинира според расположливоста на вакцините, туку според стручни препораки – вели Филипче.
Тој очекува дека неделава можеби ќе има намалување на дневните бројки на вакцинирани, но за следната недела, смета дека ќе се одржи трендот од околу 13.000 вакцинирани на ден.