Министерството за социјални прашања и здравствосоопшти дека наскоро ќе испрати предлог за дополнителни заострувања на ограничувањата за пушење на отворено.

Ќе биде предложена забрана на пушење на автобуските постојки, плажите, детските игралишта и некои тераси на кафулињата и рестораните. Оваа мерка би стапила на сила на 1 јануари 2022 година. Планирано е кутијата цигари да биде во неутрална обвивка без името на компанијата, а оваа мерка би можела да стапи на сила на на почетокот од 2023 година.

Некои земји веќе имаат воведено неутрална амбалажа на цигарите. Целта е помалку од пет проценти од населението во Финска да користи цигари до 2030 година.