Дедај ваква порака му упатил на новоименуваниот вршител на должноста амбасадор Приндон Садриу, сопруг на претседателката на Косово, кој досега беше советник во Амбасадата.
– Уставот и законите на Косово се Библија и Куран на косовското општество, пред кои сите би требало да бидеме немоќни, порача на социјалните мрежи Дедај, поставен за амбасадор во Скопје од претходниот претседател Хашим Тачи во октомври 2018 година.
Османи Садриу, по предлог од Министерството за надворешни работи и за дијаспора, донесе одлука да бидат повлечени Дедај и уште 11 амбасадори именувани по политички клуч.