Малолетно девојче било физички нападнато во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје. Нападот бил извршен од нејзиниот чичко, кој притоа користел и тврд предмет.
Настанот бил пријавен во полиција на 18 ноември 2026 година во 21:45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на 33-годишна жена, која пријавила дека нејзината ќерка била жртва на насилство од страна на М.Ф.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека надлежните полициски служби преземаат конкретни мерки за целосно расчистување на пријавениот случај.
