Утринава во СВР Скопје бил пријавен физички напад врз здравствен работник, информира Министерството за внатрешни работи.

Пријавата ја поднела Д.Б. (36) од скопското село Булачани, која навела дека синоќа околу 23:15 часот, додека извршувала работни задачи во комбе на Итна медицинска помош пред угостителски објект во Центар, била нападната од 24-годишната И.Д. од Скопје.

Од МВР соопштија дека случајот бил евидентиран во 2:40 часот по полноќ и дека по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.