СВР Тетово поднесе кривична пријава против четириесет и четиригодишниот Н.Д. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда.
Според полициските информации, инцидентот се случил на 01.09.2026 година кога, по претходна меѓусебна расправија, пријавениот физички го нападнал неговиот брат и му нанел повреди.
