Со настапот на светската музичка ѕвезда Дејвид Гета на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, синоќа заврши одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.

Пред околу 50 илјади посетители, Гета го претстави сценскиот перформанс „The Monolith Stadium Show“, проследен со светлосни ефекти, пиротехника и впечатливи визуелни елементи.

Арената пееше со Гета

По појавувањето на Дејвид Гета на сцената, арената беше исполнета со воодушевување. Францускиот музички мегастар ги изведе дел од своите најголеми светски хитови, додека публиката од првата до последната минута пееше, танцуваше и уживаше во шоуто.

Гета неколкупати ја нарече земјата Македонија и оти кога доаѓал не знаел што да очекува но си поминал одлично со таква прекрасна публика.

Кој ја отвори вечерта?

Програмата започна со настапите на SEMPRE и DJ Nikifor, кои ја подигнаа атмосферата и ја подготвија публиката за главниот дел од вечерта.

Настапот на Давид Гета беше дел од одбележувањето на Денот на независноста, кое годинава се одвиваше под мотото „Силно светнал ден“.

Во рамки на прославата за 35 години независност на Македонија, на 1 септември во Скопје концерт одржа и светски познатиот тенор Хосе Карерас, заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија.

На 4 септември се одржа и мултимедијалниот сценски спектакл, кој го заокружи своето патување во државата со настап на повеќе од 120 артисти.

Карванот „Силно светнал ден“ започна од Охрид на 9 август и посети 12 града во земјата.

Во неговата реализација учествуваа познати македонски музички изведувачи и актери.


 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ARENA events (@arena.eventz)