Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Тирана, изјави дека следната недела Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на проширувањето, каде Албанија постигна одлични резултати.

-Знаеме дека процесот да се стане земја-членка за отворање преговори е многу јасен, детален и транспарентен. Следната недела Комисијата ќе го објави извештајот за проширувањето за секоја земја кандидат. Резултатите за Албанија се одлични. Сите земји членки во овој процес продолжуваат според нивната позиција, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама.

Таа додаде дека Албанија е на „добар пат за влез во Европската Унија“, дека отворањето на преговорите за Албанија е успех на долгогодишна работа покажа визија, и оти проширувањето на Европската Унија ќе биде приоритет во нејзиниот нов мандат.

Фн дер Лајен истакна дека од планот за раст за Западен Балкан Албанија ќе добие 920 милиони евра.

Од своја страна Рама искажа голема благодарност до претседателката на ЕК, за „ безрезервната поддршка“, додаде дека „неговата земја е одлучна на својот пат кон интеграција и дека ова е единствената точка каде Албанците, кои се најевропски народ не се поделени“ и рече дека „местото на Албанија е во ЕУ“.

-Денеска е многу посебен ден и денеска нема да ја повторите реченицата со која ги затворавте сите претходни прес-конференции: сакаме да започнеме преговори. Денеска дојдовте во Албанија затоа што сега Албанија седи на преговарачка маса за преговори и ја отвори првата група која влегува во новата фаза, а кога повторно ќе дојдете на конференцијата сакаме да дојдете да кажете дека сакаме членство на Албанија во ЕУ. Ние сме многу решени за ова, нашиот преговарачки тим во Брисел покажа дека е на висина на задачата. Знаеме дека предизвикот станува тежок и дека сега почнува работата. Добредојдовте во најпро-ЕУ земја во Европа, рече Рама.

Тој истакна дека Албанија веќе не е изолирана земја во светт, туку тесно соработува со Европската Унија и другите сојузници, вклучително и Соединетите Американски Држави.

-Албанија има уште многу планини што треба да ги надмине додека не го достигне највисокиот врв, а тоа е членството, а ние мора да го достигнеме тоа во оваа деценија. Сакаме да бидеме подготвени во оваа деценија. Ако сме подготвени до 2030 година да бидеме членки на ЕУ, тоа значи дека за Албанија и Албанците ќе има држава која ќе функционира како држава на ЕУ и тоа е најважно за мене и за сите нас, рече тој .

На новинарско прашање в врска со договорот Албанија-Италија за мигрантите, таа рече дека нема да го коментира. И на прашањето за апсењето на поранешниот албански претседател Илир Мета го даде речиси истиот одговор.

-Нема да коментирам за судските постапки. Ние соработуваме со Албанија за судските реформи, но тоа нема никаква врска со поединечни случаи, рече таа.

За апсењето на Мета не сакаше да коментира и Рама, додавајќи дека тоа е „работа на албанските независни судски инстанци“.