Дваесет и деветгодишен таксист од Скопје е уапсен откако, според полицијата, со закана со остар предмет ограбил 26-годишен државјанин на Кина.
Случајот се случил ноќеска околу 1:50 часот на подрачјето на општина Аеродром. Таксистот претходно го превезол кинескиот државјанин до бараната дестинација, а потоа му побарал да плати повисока сума од реалната цена на превозот. Откако патникот не се согласил, осомничениот му се заканил со остар предмет и му одзел пари.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за разбојништво.
