Вкупно 12.228 штедачи на Еуростандард банка се обесштетени за една годна. До крајот на септември на овие штедачи има се исплатени вкупно 60.000.000 евра, информира Фондот за осигурување на депозити.
Во текот на оваа година исплатени се 89,56 отсто од вкупниот пресметан износ на обесштетување кој изнесува 68.000.000 евра. Според податоците на Фондот право на обесштетување имаат 137.111 штедачи во Еуростандард банка.
Во категоријата на штедачи со износ на депозити од 1.200.000 до 1.850.889 денари (до законски утврдениот праг на обесштетување од 30.000 евра) исплатени се 1.286 штедачи во вкупен износ од 35.000.000 евра или 97,83 отсто од оваа категорија на штедачи.
Најголем процент (99,76 отсто) од неисплатените депоненти припаѓаат на категоријата – штедачи со депозити до 100 денари. Во оваа категорија припаѓаат 69.598 депоненти (или 50 отсто од вкупниот иброј на штедачи со право на обесштетување).
Исплатата на обесштетувањето на физичките лица со право на обесштетување од Еуростандард банка се одвива преку четири банки: Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје и Халкбанк АД Скопје.
Од Фондот за осигурување на депозити велат дека преку банките ќе се исплаќа обештетувањето до 15 септември 2023 година. По овој рок, исплатата ќе продолжи да се реализира преку Фондот за осигурување на депозити.
Фондот за осигурување на депозити, инаку се реализираат и исплати на обесштетување на починати депоненти согласно наследни решенија.