Новите фотографии до кои дојде CBS News за првпат го откриваат обемот на тешките оштетувања и уништувањата на објекти и возила на повеќе американски позиции низ Блискиот Исток, предизвикани од иранските напади со ракети и беспилотни летала.
Фотографиите им биле испратени на новинарите на CBS News од активни припадници на американската војска, кои сакале да останат анонимни поради строгите воени прописи што им забрануваат да комуницираат со медиумите.
New photos obtained exclusively by CBS News reveal for the first time the widespread damage and destruction of buildings and vehicles at multiple U.S. positions across the Middle East, as a result of Iranian missile and drone attacks. The images were sent to CBS News by active… pic.twitter.com/MmOX1rQgwN
— CBS News (@CBSNews) September 16, 2026
„Станува збор за тешки оштетувања на нашите бази за кои американската јавност воопшто не е информирана“, изјавил еден од војниците за CBS News, додавајќи: „Едноставно стоиме таму со затворени очи додека трпиме жестоки удари“.
Распарчен шпионски авион и уништена касарна
На една од фотографиите, направена во воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, се гледа директен погодок во задниот дел на авионот „Боинг Е-3 Сентри“ со четири мотори. Опашката на авионот е целосно откорната од јагленисаниот труп, на кој се наоѓал ротирачкиот радарски систем – клучен за собирање разузнавачки податоци од воздух.
Други фотографии од базата прикажуваат изгорени згради и бараки сведени на голи скелети. Сепак, недопрени останале бетонските заштитни ѕидови, кои некогаш се сметале за клучна заштита од мини и артилериски гранати, но се покажале како сосема бескорисни против воздушни напади.
Слични сцени беа забележани и во кампот „Буринг“ во Кувајт – клучен центар за пешадијата, оклопните возила и воздухопловите на американската армија – сместен во оддалечената пустина северозападно од градот Кувајт.
Штетата надминува 3,7 милијарди долари; уништени се десетици летала
Генералниот инспектор на Министерството за одбрана на САД оваа недела објави нов извештај во врска со конфликтот со Иран, во кој се наведува дека „загубите на опрема“ достигнуваат дури 3,7 милијарди долари, вклучително и речиси 60 летала што биле уништени или оштетени. Во овој задолжителен извештај до Конгресот – прв од ваков вид – инспекторот се повикува на податоци од Централната команда на САД (CENTCOM) кои покажуваат дека Иран извршил напади врз американски бази во Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Ирак, Оман и Јордан.
„Ова не се изолирани ракети што случајно се провлекле низ одбраната“, додаде војникот, осврнувајќи се на изразот што го употреби министерот за одбрана Пит Хегсет по смртоносниот напад врз пристаништето Шуаиба во Кувајт на 1 март, во кој загинаа шест американски војници. „Воопшто не ги браниме тие бази. Само гледаме како се уништуваат.“
Конгресот вчера објави список на уништени летала и беспилотни летала.
Обемот на уништување, прикажан на новите фотографии, се совпаѓа со вчерашниот извештај на Истражувачката служба на Конгресот на САД (CRS), според кој американската војска изгубила најмалку 42 летала од почетокот на војната со Иран, додека вкупните трошоци за операцијата „Епски бес“ (Epic Fury) вртоглаво пораснале на дури 29 милијарди долари.
Џулс Херст, финансискиот раководител на Пентагон, пред законодавците потврди дека голем дел од таа сума е наменет за итни поправки и замена на уништената опрема – вклучително и најмалку 24 изгубени напредни беспилотни летала „MQ-9 Reaper“ со поединечна вредност од 30 милиони долари, соборени авиони и уништени транспортни возила – додека во износот од 29 милијарди долари воопшто не е вклучена штетата на базите низ Блискиот Исток, која сама по себе достигнува милијарди.
❗️After the evacuation of the second pilot from the downed F-15E, the 🇺🇸United States was forced to destroy two HC-130J Combat King II search-and-rescue aircraft that were unable to leave 🇮🇷Iran for unknown reasons.
According to the New York Times, the aircraft were blown up on… pic.twitter.com/Fz7dug2CpO
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) April 5, 2026




