Англиските медиуми се разочарани од изданието на својата репрезентација во Скопје. „Фала господе што не игравме против цела Македонија“ е насловот на најтиражниот весник „Сан“.

Тој наведува дека Англија играла лошо, очајно и сиромашно но оти сѐ уште се непоразени годинава.

Англиските фудбалери покажаа почит кон навивачите кои допатуваа во Скопе и отидоа на источната трибина да им отпоздрават а тие им одговорија со скандирање „Ингланд,Ингланд“.