26-годишната пејачка Дуа Липа, по една недела од нејзиното раскинување со момчето Анвар Хадид, беше фотографирана додека се релаксираше со пријатели на луксузна јахта во неонски бикини во различни бои на островот Свети Вартоломеј.

Уште на почетокот од декември започнаа да се шират гласини дека Дуа и Анвар раскинале, но тие беа потврдени од извор близок до парот на 23 декември. Тие беа заедно од летото 2019 година.