Како што се ближи 24 април, така и партиите веќе ги објавуваат своите предлог – кандидати. Засега има девет кандидати, под знак прашалник дали сите ќе ја пријават својата кандидатура и дали ќе успеат да соберат потписи.

1. СДСМ настапува со Стево Пендаровски?

Пендаровски е единствен засега непотврден претседа

жѓжтел. Само од редовите на владејачката СДСМ засега нема никаков одговор, но има шпекулации. Според шпекулации, од оваа партија веројатно повторно ќе настапи актуелниот претседател Стево Пендаровски. Освен неговото име се шпекулира и за Оливер Спасовски, а според некои медиуми во игра е и Радмила Шеќеринска.

ДУИ сѐ подалеку од СДСМ: Спласна еуфоријата кај Ковачевски, дали Пендаровски ги налути коалиционите партнери?

2. Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ

Од најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека пратеничката и универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова се пријавила на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија. Давкова не е нова во ваквата трка, а таа трчаше по оваа функција и во 2019 година.

Давкова веќе денеска ја даде првата изјава во нејзината претседателска трка.

-Зошто се кандидирам? Од објективни и од субјективни причини. Објективните се резултатот од минатите избори. Големо признание е кога ќе добиете околу 380 илјади гласови, и тоа не само од партиските членови и симпатизери, туку и од граѓаните. Имам намера да собирам и 10 илјади потписи, бидејќи мислам дека траба рамноправна да бидам со сите други и се разбира, да повикувам повторно од оние кои не се во политиката или не се идеолошки и партиски определени, рече Силјановска-Давкова.

Фото: Гордана Силјановска – Давкова

Реприза од 2019 година

Дуелот Силјановска-Давкова и Пендаровски би бил „реприза“ и нов мегдан на изборите од пред пет години.

3. Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Претседателот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е кандидат на оваа партија за претседател на државата, објави вчера попладне. Тој изјави дека добил поддршка од највисокото раководство на партијата да биде кандидат на партијата за претседател.

4. Билјана Ванковска од Левица

Политичката партија Левица веќе пред неколку недели објави дека на претседателските избори ќе настапи со професорката Билјана Ванковска.

„Јас немам идеја што содржи таа работна верзија на партијата со која ќе настапи на парламентарните избори, јас работам на мојата. Тие не се мешаат, не ми прават никаков увид ни цензура во тоа што го работам, ниту јас барам нешто посебно од таа страна“, рече таа.

5. Вело Марковски независен кандидат

Претходно, познатиот специјалист инфектолог проф. д-р Вело Марковски најави дека ќе поднесе кандидатура за претседател како независен кандидат на претстојните претседателски избори. Останвуа дилемата дали ќе успее да ги собере потребните потписи за оваа функција.

6. Максим Димитриевски од ЗНАМ

Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на општина Куманово и претседател на „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“ влегува во претседателската трка, најави Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ на денешната прес-конференција.

7. Арбен Таравари

Од албанскиот политички корпус досега кандидатура најави Арбен Таравари кој ќе го поддржи албанската опозиција. Европскиот сојуз за промени соопшти дека нивен кандидат ќе биде Арбен Таравари, претседател на едното крило на Алијанса за Албанците.

Фото: Арбен Таравари кандидат за претседателски кандидат – илустрација: Радио Лидер

8. Бујар Османи

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави денес лидерот на партијата, Али Ахмети. „Не за Русија и да за Европа“ беше слоганот на Османи.

9. Мерсиха Смаиловиќ

Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија. Се работи за Мерсиха Смаиловиќ која ќе биде кандидат на Бошњачки демократски сојуз.