Тешка сообраќајка во Општина Аеродром на раскрсницата меѓу населба Аеродром и Ново Лисиче. Непосредно на оваа сообраќајка имаше уште една отприлика 100 метри оддалечена од раскрсницата.

Првата сообраќајка се случи на самата раскрсница каде беа отворени и воздушни перничиња, а се распрскаа делови од колата. Овде се судрија ,,Фолксваген голф” и ,,Пасат”.

Во непосредна близина имаше уште една сообраќајка каде се судрија возила на комунална хигиена и џип од марката ,,Jeep”.

Екипата на Радио Лидер направи повеќе фотографии од терен.