Македонија денеска ќе го одигра третиот натпревар на Европското првенство, против селекцијата на Холандија.
Крајниот свиреж на судијата на денешниот натпревар, ќе значи и крај на репрезентативната кариера на капитенот Горан Пандев.
Бура емоции, измешани чувства на среќа, гордост, радост и тага. ФФМ објави фотографии на кои Пандев го теши Стефан Ристовски кој очигледно е тажен по веста за заминувањето на Гранде Пандев.