Според јавно достапните јавни набавки поврзани со фирмата Технокомерц, во сопственост на фамилијата на Александар Филиповски – Цанде, истата има добиено точно 3,412,200 евра за набавка на гуми за автомобили и автобуси, сервисирање на моторни возила и разни услуги кои ги нуди неговата компанија.

Во прилог ви доставуваме доказ од набавките кои се јавно достапни, а на кои јасно можете да ја видите сумата која државата му ја платила на Филиповски.