‼️Со помошник командирот на ПС Беко Игор Петровски вчеравечер бевме во Дебар Маало каде затекнавме групи на млади луѓе кои се дружат.
Оваа средба беше поради групната тепачка која се случи во петокот. Во разговор тој ме информираше дека полициски службеници патролираат на неколку локации но ги нема секаде. Полицијата не може да ја спречи секоја тепачка ако за нејзините последици не бидат свесни оние кои ја предизвикале, напиша Герасимовски на својот фб профил.
Затоа, апелирам до родителите да им укажат на децата какви последици може да донесат тепачките и да ги воспитуваат децата во духот на меѓусебната почит и вредноста на животот на секој поединец, напиша тој.
Воедно, упатувам апел и до младите бидете разумни затоа што повредата може да се нанесе за миг но последиците може да траат цел живот.
Ве повикувам и вас граѓани, пријавувајте го секое насилство кое ќе го забележите.
Да делуваме заедно, ова е заеднички проблем!