ЗНАМ го прашува Горан Герасимовски: „Како од ветувањето кое прво го даде во 2021 година, а потоа рециклирано го повтори на 30 септември 2025 година за бесплатни оброци за сите ученици и заштеда од 2.500 денари во домашниот буџет на родителите, мерката магично се промени во субвенциониран оброк од едвај 1.000 денари и тоа на трансакциските сметки на родителите?“

„​Наместо целосно бесплатен оброк, како едно од главните предизборни ветувања, кој требаше да значи реална поддршка за секое семејство, големите зборови и ветувања за собирање политички поени кога дојде време за реализација се претворија во обична козметичка мерка. Овој обид за замајување на јавноста е директно потценување на граѓаните и родителите од Центар.

​Герасимовски се обидува да ги изманипулира центарци, но тоа останува само на обид. Жителите на Општина Центар многу добро ги препознаваат ваквите политички трикови и јасно знаат на што се“, велат од ЗНАМ.