Со часови, македонските граѓани ги наполнија бензинските пумпи, по најавата дека од утре следува големо поскапување на цената на горивата.
Состојбата пред бензинските пумпи и наидовме на вистински хаос.
Цели редици возила чекаат на улиците, а притоа имаат блокирано цели сообраќајни ленти.
Граѓаните се изреволтирани од ваквите поскапувања кои тешко е да се поднесат со семејниот буџет. Чекаат по повеќе од половина час да го наполнат резервоарот бидејќи таа услуга утре ќе ги чини многу повеќе.
Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)